За Нас

Супериор

Супериор е основан во 1992 година како специјализирана компанија за производство, конфекционирање и печатење на секаков вид на ролни, хартии, фолии и флексибилна амбалажа.

Нашите производи се употребуваат во маркети, канцеларии, ресторани, болници, хотели, банки, бензински станици, сервиси, финансиски институции, производители и во разни видови на индустрии.

Нашата мисија е исполнување на барањата и очекувањата на клиентите со нашите производи и услуги преку квалитет и брза испорака.

Нашата визија: Подобри од вчера.

Нашите производи и природата

Со користење на цевки од хартија, пакување на производите во картонска амбалажа, снабдување со сировини за производство исклучиво од светски реномирани компании со сертифицирано производство, ја делиме одговорноста за зачувување на природната средина.

Гарантираме

  • Персонален сервис на секој клиент
  • Одговор на специфични барања
  • Технички совет и сервис
  • Конкурентни цени
  • Употреба на еко материјали